Екатерина Комнина

Екатерина (старословенски: Єкатерїна, грчки: Αἰκατερίνη; починала по 1059) била жена на византискиот император Исак I Комнин и ко-регент на Константин X одреден период по абдикацијата на нејзиниот сопруг во 1059. Таа била ќерка на Иван Владислав и неговата жена Марија, и сестра на Пресијан и Алусијан. Подоцна се повлекла во монаштво во манастирот Мирелеон.

Екатерина
Августа
Сопруга на византискиот император
На позиција1057–1059
СопружникИсак I Комнен
ТаткоИван Владислав
МајкаМарија