Израстува поголема од поточната пастрмка. Ги населува студено водените езера до над 1800m надморска висина, кој ареал на распространување се поклопува со тој на речната пастрмка. Живее подолго од речната пастрмка-до дваесетина години. Од речната пастрмка се разликува по тоа што црните флеки се во неправилна форма, а црвени или нема, или ако има (што е можно поретко), тие не се светло обрабени и имаат форма на буквата “х”. Се мрести или во реките, за која цел навлегува во нив, или во самите езера. Бојата може да варира од темна до сребренеста. Првите потемни пастрмки, даваат полови производи, додека вторите посветлите, се јувенилни. Инаку, обично грбот е модро зелен или сив а страните се посветли. Диплоидниот број на хромозоми според литературните пдатоци изнесува 70 но сѐ уште не е дефинитивно утврден. Езерската пастрмка достигнува должина до 1,3 m и маса до 30 кг. Половата зрелост настапува во 4 до 5 година на живот. Плодноста на зрела женка изнесува 2000 до 3000 икри чии пречник е од 5,0 до 5.5 mm. Се мрести од септември до декември. Младите се храната главно со ларви од инсекти и ракоообразни, а возрасните најмногу со риби. Претставува објект на вештачко одгледување најмногу заради добивање на подмладок за порибување на водите, а пред сè за спортски риболов. Има квалитетно и вкусн месо.