Треска (езеро)
(Пренасочено од Езеро Треска)
Треска претставува рекреативно езеро во село Сарај, во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.
Загаденост
уредиПоради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година. Постои иницијатива за негово повторно активирање како главна летна атракција за скопјани и иако постои фонд „Пари за Треска“, единствено има средства само за да се покријат трошоците за тековно чистење на дното на езерото, како и за санација на бетонските плочи на базенот[1].
Наводи
уреди- ↑ Трајковска, Деспина (26 мај 2011). „Сончање без капење во езерото „Треска"“. Утрински Весник. Посетено на 2011-06-12.
„Треска (езеро)“ на Ризницата ? |