Ежевидни
Erinaceomorpha
Период: Еоцен - денес
Erinaceus europaeus
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Инфракласа: Eutheria
Надред: Laurasiatheria
Ред: Erinaceomorpha
Грегори, 1910
Семејство: Erinaceidae
Г. Фишер, 1814
Потсемејства и родови

Ежевидните образуваат ред (Erinaceomorpha) на вистински цицачи во кој денес има само еднo семејство − Erinaceidae. Тоа се кратконоги животни со пет прсти на секое стапало и се движат на плантиграден начин (прсните коски и петтата се паралелни со површината на која се оди). Главата е најчесто заострена и со издолжен нос. Крзното може да биде боцкаво (како кај ежевите) или меко (како кај гимнурите).

Морфологија

уреди

Морфолошките одлики на претставниците од оваа група се сметаат за примитивни. Тоа се мали цицачи со кратки нозе и големи стапала. Стапалата имаат пет прсти, со исклучок на некои африкански ежеви од родот Atelerix. Двете коски од долната потколеница (тибија и фибула) се сраснати во една коска. Опашката е влакнеста и со различна должина. Главата е издолжена, и тоа повеќе кај гимнурите отколку кај ежевите. Очите се мали, но се подобро развиени од оние на другите инсектојади. Формата на черепот е најразлична. Сите видови имаат мала мозочна кутија.

Формула С П П К
36–44 = 3 1 3–4 3
2–3 1 2–4 3

Ежевите се понапредни во својата градба од гимнурите. Најзабележливата разлика меѓу двете потсемејства е крзното. Гимнурите и месечевите стаорци се прекриени со меко крзно, додека ежевите со густо крзно од тенки боцки, кои започнуваат од главата и продолжуваат кон грбот и страните. Бојата варира во зависност од видот, но најчесто таа е со жолти или сивкасто-кафени или црни тонови.

Забната формула на ежевите и гимнурите е мошне слична.

Првите секачи се големи. Кај гимнурите постојат три пара на секачи на секоја вилица, додека кај ежевите е изгубен третиот долен пар.

Систематика

уреди

Постојат 10 родови и 24 видови на ежевидни цицачи.