Едит Кларк (10 февруари 1883 – 29 октомври 1959) била американски електроинженер. Таа била првата жена која професионално се вработила како електроинженер во САД, и првата жена професорка по електротехника во земјата.[1] Кларк била првата жена што доставила труд во Американскиот институт за електроинженери; првата жена-инженер чија професионална положба била препознаена од Тау Бета Пи (најстарото инженерско почесно друштво и второто најстаро почесно колеџ друштво во САД) и првата жена именувана како член на Американскиот институт за електроинженери. Специјализирала за анализа на електроенергетскиоти системи[2] и напишала „Анализа на кола на системи за наизменична струја“.[3]

Едит Кларк
Роден(а)февруари 10, 1883(1883-02-10)
Хауард Каунти, Мериленд
Починал(а)октомври 29, 1959(1959-10-29) (возр. 76)
НационалностАмериканка
ПолињаЕлектротехника
УстановиЏенерал Електрик
Универзитетот на Тексас во Остин
ОбразованиеВасар Колеџ
МИТ
Познат поКларк трансформатор
Кларк калкулатор
Поважни наградиКуќа на славнит за национални пронаоѓачи

Ран живот и образование

уреди

Една од девет деца, Едит Кларк била родена на 10 февруари 1883 година во округот Хауард, Мериленд, од родители Џон Риџели Кларк-адвокат и Сузан Дорси Овингс.[4] Откако останала сирак на 12-годишна возраст, била одгледана од постара сестра. Кларк го искористила своето наследство за да студира математика и астрономија на колеџот Васар, каде што дипломирала во 1908 година.[5]

По колеџот, Кларк предавала математика и физика во приватно училиште во Сан Франциско и на колеџот Маршал. Таа потоа поминала извесно време студирајќи градежно инженерство на Универзитетот во Висконсин-Медисон, но заминала за да стане „компјутер“ во AT&T во 1912 година. Таа пресметувала за Џорџ Кембел, кој применил математички методи за проблемите на електричните преноси на долги растојанија.[6] Додека била во AT&T, студирала електротехника на Универзитетот Колумбија ноќе.

Во 1918 година, Кларк се запишала на Технолошкиот институт во Масачусетс, а следната година станала првата жена што добила магистерска диплома по електротехника од МИТ. Нејзината теза на MИТ ја надгледувал Артур Е. Кенели.[7]

Професионална кариера

уреди

Не можејќи да најде работа како инженер, Кларк отишла да работи за Џенерал Електрик како супервизор на компјутери во Одделот за турбинско инженерство. Во тоа време, го измислила калкулаторот Кларк, ран графички калкулатор, едноставен графички уред кој решавал равенки кои вклучуваат електрична струја, напон и импеданса во далноводи за електрична енергија. Уредот можел да решава линиски равенки кои вклучуваат хиперболични функции десет пати побрзо од претходните методи. Таа поднела патент за калкулаторот во 1921 година и тој бил одобрен во 1925 година.[8]

Во 1921 година, Кларк зела отсуство од ЏЕ за да предава физика на Роберт колеџ во Турција затоа што не ѝ било дозволено да работи електротехничка работа, каде не заработувала иста плата и имала понизок професионален статус како мажите кои ја вршат истата работа.[9] Следната година, кога се вратила од Турција, ѝ била понудена работа од ЏЕ како платен електроинженер во Централната станица за инженерство при што станала првата професионална жена електроинженер во САД. Кларк се повлекла од Џенерал Електрик во 1945 година.[10][11]

Нејзиното образование по математиката ѝ помогнало да постигне слава во својата област. На 8 февруари 1926 година, како првата жена што доставила труд на годишниот состанок на Американскиот институт за електроинженери (AIEE), таа покажала употреба на хиперболични функции за пресметување на максималната моќност што далноводот може да ја носи без нестабилност.[12] Трудот бил важен затоа што далноводите станувале подолги, што довело до поголеми оптоварувања и повеќе шанси за нестабилност на системот, а трудот на Кларк обезбедил модел кој се применувал на големи системи.[13] Два од нејзините подоцнежни трудови освоиле награди од AIEE: наградата за најдобар регионален труд во 1932 година и наградата за најдобар национален труд во 1941 година.[1]

Исто така Кларк работела на дизајнирање и изградба на хидроелектрични брани на западот на САД, вклучително и браната Хувер, придонесувајќи со нејзината стручност во областа на електричната енергија за развој и инсталирање на турбините кои генерираат хидроенергија таму до денес.[14]

Во 1943 година, Кларк напишала влијателен учебник во областа на енергетскиот инженеринг, Анализа на кола на наизменичните енергетски системи, врз основа на нејзините белешки за предавањата на инженерите на ЏЕ. Овој учебник во два тома учи за нејзината адаптација на системот на симетрични компоненти, за кој се заинтересирала додека работела по втор пат во ЏЕ. Овој систем е математичко средство за инженерите да ги проучуваат и решаваат проблемите на загубите на електроенергетскиот систем и перформансите на електричната опрема. Кларк го усвоила овој систем на трифазни компоненти кои се основата на електричната мрежа во САД. Овој учебник долги години се користел како основа за образование на електроинженерите.[15]

Во 1947 година, се приклучила на факултетот на Одделот за електротехника на Универзитетот во Тексас во Остин, со што станала првата жена професорка по електротехника во земјата.[1] Кларк предавала 10 години и се пензионирала во 1957 година.[1]

Во интервју за Дејли Тексан на 14 март 1948 година, Кларк забележала: „Нема побарувачка за жени инженери, како такви, како што има за жени докторки; но секогаш има побарувачка за секој кој може да направи добра работа.[11]

Почести

уреди

Кларк била првата жена инженер што постигнала професионална позиција во Тау Бета Пи.[1] Во 1948 година, Кларк била првата жена соработник на Американскиот институт за електроинженери.[1] Таа била првата жена прифатена како полноправна членка со право на глас во Американскиот институт за електроинженери.[16] Во 1954 година, Кларк ја добила наградата за достигнувања на Здружението на жени инженери(SWE),[17] доделена од Евелин Џетер, една од основачите на SWE[18] и пронаоѓач на автомобилскиот транзистор за палење, „како признание за нејзините многубројни оригинални придонеси за теоријата на стабилност и анализата на кола“.[7][19] Кларк била вклучена во Жените со достигнувања во историјата на Мериленд во 1998 година и исто така била вклучена во Американската национална биографија и Значајните американски жени од модерниот период.[16]

Во 2015 година, Кларк била постхумно примена во Куќата на славните за национални пронаоѓачи.[20]

Поврзано

уреди
  • Флоренс Виолет Мекензи

Дополнителна литература

уреди
  • Layne, Margaret E. (2009). Women in engineering. Pioneers and trailblazers. Reston, Va.: ASCE Press. ISBN 978-0784472354.
  • Tietjen, Jill S.; Bailey, Margaret (2022). „Energetic Trailblazers: Kate Gleason, Edith Clarke, and Mária Telkes“. Women in Mechanical Engineering: 3–23. doi:10.1007/978-3-030-91546-9_1.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Durbin, John. „In Memoriam: Edith Clarke“. Index of Memorial Resolutions and Biographical Sketches. University of Texas. Архивирано од изворникот на March 3, 2016. Посетено на October 25, 2019.
  2. Brittain, J.E. (January 1996). „Edith Clark and power system stability [Scanning the Past]“. Proceedings of the IEEE. 84 (1): 90. doi:10.1109/JPROC.1996.476030. ISSN 0018-9219.
  3. Clarke, Edith (1943). Circuit analysis of A-C power systems. J. Wiley & sons, inc.
  4. Riddle, Larry. „Edith Clarke“. Biographies of Women Mathematicians. Agnes Scott College. Архивирано од изворникот на May 3, 2020. Посетено на October 16, 2012.
  5. „League of Coders“. Архивирано од изворникот на May 8, 2022. Посетено на November 12, 2020.
  6. „Edith Clarke“. IEEE Global History Network. Institute of Electrical and Electronics Engineers. Архивирано од изворникот на August 1, 2013.
  7. 7,0 7,1 „Edith Clarke“. agnesscott.edu. Архивирано од изворникот на October 4, 2018. Посетено на February 29, 2020.
  8. [1], "Calculator" 
  9. Levins, Sandy (July 1, 2020). „The Electrifying Story of Engineer Edith Clarke“. WednesdaysWomen (англиски). Архивирано од изворникот на March 14, 2021. Посетено на September 21, 2020.
  10. „Edith Clarke“. Maryland Women's Hall of Fame. Maryland State Archives. Архивирано од изворникот на February 28, 2020. Посетено на February 7, 2020.
  11. 11,0 11,1 „Pioneering Women in Computing Technology“. The Ada Project. Carnegie Mellon University. Архивирано од изворникот на May 20, 2020. Посетено на April 11, 2014.
  12. „WOMAN ADDRESSES ELECTRICAL INSTITUTE; Miss Edith Clarke the Only One of Her Sex to Read a Paper at Engineers' Meeting“. The New York Times. February 9, 1926. Архивирано од изворникот на June 26, 2018. Посетено на June 8, 2013.
  13. „Edith Clarke – Engineering Hall of Fame“. edisontechcenter.org. Архивирано од изворникот на February 24, 2020. Посетено на February 29, 2020.
  14. „Calculator Patent“ (PDF). February 4, 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на February 4, 2015. Посетено на September 21, 2020.
  15. „Pioneering Engineers“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на October 1, 2020. Посетено на September 21, 2020.
  16. 16,0 16,1 „Edith Clarke, Maryland Women's Hall of Fame“. msa.maryland.gov. Архивирано од изворникот на February 28, 2020. Посетено на February 29, 2020.
  17. Hobbs, Amy. „Edith Clarke“. Biographical Series. Archives of Maryland. Архивирано од изворникот на May 30, 2010. Посетено на October 16, 2012.
  18. „Edith Clarke, S.W.E., 1954 Award Winner“. The Woman Engineer. VII (13): 5 [page 294 in compilation]. 1954. Архивирано од изворникот на April 29, 2021. Посетено на July 24, 2019.
  19. „Evelyn Jetter, Engineer And Inventor, 52, Dies“. The New York Times (англиски). December 22, 1979. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на July 24, 2019. Посетено на July 24, 2019.
  20. „Edith Clarke“ (PDF). National Inventors Hall of Fame. Архивирано од изворникот (PDF) на February 4, 2015. Посетено на February 4, 2015.

Надворешни врски

уреди