Египетско-либиска граница
Египетско-либиска граница (арап. الحدود المصرية الليبية) — граница меѓу Египет и Либија во должина од 1.115 км и се протега од Средоземното Море на север до тројката со Судан на југ.[1]
Опис
уредиГраницата започнува на север на брегот на Средоземното Море кај Заливот Салум. Потоа продолжува на југ со низа неправилни линии кои често се свртуваат југозапад или југоисток, пред да стигне до 25-тиот источен меридијан.[2] Границата потоа го следи овој меридијан на југ до суданската тројка на Габал Ел Увејнат. Само северниот приморски дел од границата содржи значајни населени средишта, при што огромното мнозинство на границата минува низ оддалечените области на пустината Сахара, вклучувајќи го Големото Песочно Море и Либиската Пустина.[2]
Историја
уредиЕгипет, иако номинално дел од Отоманското Царство, стекнал голем степен на автономија под водство на Мухамед Али по Втората египетско-отоманска војна од 1839–41 година.[3] Во 1882 година Британците го окупирале Египет, ефикасно воспоставувајќи протекторат (формално прогласен во 1914 година).[3][2] Отоманското Царство, исто така, номинално владеело со крајбрежните области на она што е денешна Либија од 16 век, организирана во Вилает Триполитанија, со нејасно определена граница помеѓу вилаетот и Египет заснована на отомански ферман од 1841 година, кој ја поставил границата понатаму на исток од нејзината сегашна положба.[2][3]
Во септември 1911 година Италија ја нападнала Триполитанија, а следната година бил потпишан Договорот од Уши со кој Османлиите формално ѝ го отстапиле суверенитетот на областа на Италија. [4][5][2] Италија ги организираla новоосвоените региони во колониите Италијанска Киренаика и Италијанска Триполитанија и постепено почна да турка понатаму на југ. Во 1934 година ги обединила двете територии во Италијанска Либија.[6][2]
Египет постигнал целосна независност во 1922 година.[2] Границата станала точка на расправија - на пример, Египет го отфрлил тајниот Англо-италијански договор од 1915 година со кој оазата Ал Јагбуб и ја отстапила на Италијанска Либија.[3]International Boundary Study No. 61 Egypt-Libya Boundary (PDF), 15 January 1966, Посетено на 23 January 2020International Boundary Study No. 61 Egypt-Libya Boundary (PDF), 15 January 1966, retrieved 23 January 2020</ref> Египет и Италија потпишале договор на 6 декември 1925 година со кој се определила границата на нејзината сегашна положба (иако Египет формално не го ратификувал договорот до 1932-1933 година). [3][2] Северниот дел од границата бил подетално разграничен во 1926–1927 година, при што границата потоа била обележана со низа столбови. [3][2] Дополнително разграничување на теренот се случило во 1937–1938 година, што резултирало со некои мали измени.[3][2] Во меѓувреме, Италија, во обид да ги контролира бунтовниците Сенуси, изградила ограда долж поголемиот дел од границата во 1920-тите и 1930-тите.
За време на Северноафриканскиот поход во Втората светска војна, Италија била поразена и нејзините африкански колонии биле заземени од сојузничките сили, при што Либија била поделена на британска и француска зона.[3]International Boundary Study No. 61 Egypt-Libya Boundary (PDF), 15 January 1966, Посетено на 23 January 2020International Boundary Study No. 61 Egypt-Libya Boundary (PDF), 15 January 1966, retrieved 23 January 2020</ref> Либија подоцна стекнала целосна независност на 2 декември 1951 година.[2]Brownlie, Ian (1979). African Boundaries: A Legal and Diplomatic Encyclopedia. Institute for International Affairs, Hurst and Co. стр. 102–09.</ref> Во овој период Египет повремено притискал за промена на границата, наведувајќи дека таа треба да се префрли на запад кон 24-тиот источен меридијан, со Ал Јагбуб и Бардија да бидат вклучени во Египет.[3] Се чини дека овие барања биле напуштени во раните 1950-ти.[2]
Односите меѓу двете држави оттогаш биле главно срдечни, но тензиите се зголемиле во 1970-тите, главно поради понаметливата панарапска и антиизраелска надворешна политика на владата на Гадафи во Либија, што резултирало со кратка војна меѓу двете земји долж нивната северна граница во 1977 година.[2]Brownlie, Ian (1979). African Boundaries: A Legal and Diplomatic Encyclopedia. Institute for International Affairs, Hurst and Co. стр. 102–09.Brownlie, Ian (1979). African Boundaries: A Legal and Diplomatic Encyclopedia. Institute for International Affairs, Hurst and Co. pp. 102–09.</ref>[7] Односите потоа останале напнати, но во голема мера се нормализирале до раните 1990-ти. Пограничниот регион повторно станал област на загриженост бидејќи Египет се обидувал да се изолира од ефектите на граѓанската војна во Либија.
Населби во близина на границата
уредиЕгипет
уредиЛибија
уредиНаводи
уреди- ↑ CIA World Factbook – Libya, Посетено на 22 January 2020
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 Brownlie, Ian (1979). African Boundaries: A Legal and Diplomatic Encyclopedia. Institute for International Affairs, Hurst and Co. стр. 102–09.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 International Boundary Study No. 61 Egypt-Libya Boundary (PDF), 15 January 1966, Посетено на 23 January 2020
- ↑ Treaty of Peace Between Italy and Turkey The American Journal of International Law, Vol. 7, No. 1, Supplement: Official Documents (Jan., 1913), pp. 58–62 doi:10.2307/2212446
- ↑ „Treaty of Lausanne, October, 1912“. Mount Holyoke College, Program in International Relations. Архивирано од изворникот на 2021-10-25. Посетено на 2020-01-27.
- ↑ „HISTORY OF LIBYA“. HistoryWorld.
- ↑ „Both Egypt, Libya Accept Cease-Fire, Arafat Says“. The Los Angeles Times. 26 July 1977. стр. B1, B8.