Евстахиј Цариградски

Евстахиј ЦариградскиВселенски патријарх од 1019 до 1025 година.

Евстахиј бил протопрезвитер во царската палата и бил устоличен за патријарх од страна на Василиј II. Евстахиј учествувал во напорите на Византијците во 1024 година да дојдат до договор со латинското папство поради сè поголемите разлики меѓу западната и источната црква, што на крајот ќе доведе до шизмата од 1054 година. Во периодот на Евстахиј, папството ја наметнало својата доминација на целиот христијански свет, но не само првенство, тврдење кое го навредувало Цариград, во делотворниот духовен свет православната црква ги вклучувала Русите, Бугарите и Србите. Евстахиј му понудил компромис на папата Јован XIX, велејќи дека православниот патријарх ќе биде вселенски во своето владение (in suo orbe) на Истокот како што папата ќе биде во своето владение (in universo).[1] Се претпоставува дека ова било обид на Евстахиј да ја одржи контролата над јужните италијански цркви.[2] Понудата била одбиена, но од страна на папата Јован било прифатено службата во јужните италијански цркви да се одвива според византиските обреди, доколку се воведе латински обред во црквите во Цариград.[3]

Наводи

уреди
  1. Previte-Orton, p. 275.
  2. Hussey, p. 122
  3. Runciman, p. 123.

Извори

уреди
  • Charles William Previté-Orton, ed.. The Shorter Cambridge Medieval History, Vol. 1. Cambridge: University Press, 1979.
  • Steven Runciman. Byzantine Civilisation. London, University Paparback, 1961.
  • JM Hussey. The Orthodox Church in the Byzantine Empire. Oxford: Clarendon Press, 1986.
Духовни титули
Претходник
Сергеј II
Цариградски патријарх
1019–1025
Наследник
Алексиј I