Еврејско женско здружение (Скопје)
Еврејското женско здружение во Скопје претставувало женско културно здружение на жените Еврејки од Скопје. Неговата дејност била да организира културни и образовни активности, да дава поддршка на младинските организации, независно од нивните идејни определби и стремежи. Кога во Скопје била основана филијалата на WIZO (1932) сите членки поминале во ова здружение. Здружението функционирало во периодот од 1923 до 1932 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ Zeni Lebl, Plima i slom iz istorije Jevreja Vardarske Makedonije, Gornji Milanovac, 1990