Еврејски клуб (Скопје)

Еврејскиот клуб во Скопје било главно собиралиште, клуб основан од видни граѓани заради морално и духовно воспитување на скопските Евреи. Бил формиран на 15 февруари 1920 година. Целта била да ги развива меѓусебните односи помеѓу сите општествени слоеви, да ги помага училиштата и другите еврејски организации. Клубот поседувал удобен објект во кој се наоѓала и „Еврејска читална“, која ги добивала сите еврејски и шпански весници печатени на целиот Балкан. Во состав на клубот функционирало и „Еврејското казино“ кое кон крајот на 30-тите години станало главен центар на еврејското собирање.[1]

Наводи

уреди
  1. Zeni Lebl, Plima i slom iz istorije Jevreja Vardarske Makedonije, Gornji Milanovac, 1990