Еврејска невеста (холандски: Het Joodse bruidje) ― слика од Рембрант, насликана околу 1665-1669 година.[1]

Еврејска невеста
Творец Рембрант
Година ок. 1665–1669
Димензии 121.5 см × 166.5 см
Место Државен музеј (Амстердам), Амстердам

Сликата го добила своето сегашно име на почетокот на 19 век, кога еден собирач на уметнички дела од Амстердам ја идентификувал темата како онаа на татко Евреин кој и подарил ѓердан на својата ќерка на денот на нејзината венчавка. Ова толкување повеќе не е прифатено, а идентитетот на двојката е неизвесен.[2] Двосмисленоста е зголемена поради недостатокот на анегдотски контекст, оставајќи ја само средишната универзална тема, онаа на двојката кој е споен во љубовта.[3] Шпекулативните предлози за идентитетот на двојката се движеле од синот на Рембрант, Титус и неговата невеста, или амстердамскиот поет Мигел де Бариос и неговата сопруга. Исто така, се разгледуваат неколку двојки од Стариот завет, вклучувајќи ги Авраам и Сара, Воз и Рут или Исак и Ревека, што е поддржано со цртеж на уметникот неколку години претходно.[4]

Додека техничките докази предложубваат дека Рембрант првично замислувал поголема и поелаборирана композиција, поставувањето на неговиот потпис долниот лев агол покажува дека неговите сегашни димензии не се значително различни од оние во моментот на неговото завршување.[5] Според животописецот на Рембрант, Кристофер Вајт, завршената композиција е „еден од најголемите изрази на нежното спојување на духовната и физичката љубов во историјата на сликарството“.[6]

Сликата се наоѓа во постојаната збирка на Државниот музеј во Амстердам.

Наводи

уреди
  1. „Isaac and Rebecca, Known as 'The Jewish Bride' – Rijksmuseum Amsterdam – Museum for Art and History“. Rijksmuseum.nl. Посетено на 11 јануари 2022.
  2. „The Jewish Bride – Rijksmuseum Amsterdam – Museum for Art and History“. Rijksmuseum.nl. Архивирано од изворникот на 2012-02-11. Посетено на 11 јануари 2022.
  3. Bull, Duncan, et al., Rembrandt-Caravaggio, p.131. Rijksmuseum, Amsterdam, 2006.
  4. Bull, p. 131.
  5. Bull, p. 132.
  6. White, Christopher, Rembrandt, p. 202. London, 1984.

 

Дополнителна книжевност

уреди

Надворешни врски

уреди