Државно биро за уметничкоисториска документација

Државно биро за уметничкоисториска документација (холандски: Rijksbureau voor Kunsthistorische Documentatie, RKD) — државна установа во Хаг, Холандија и најголем центар за историја на уметноста во светот. Прибира документација, архивска граѓа и книги[1] за европската уметност од доцниот среден век, па сè до денес. Сите материјали отворено стојат на располагање на јавноста и голем дел од нив се дигитализирани и достапни на мрежното место на установата. Главна цел на бирото е да прибира, категоризира и става на располагање трудови и објави поврзани со уметноста, особено кога станува збор за холандските мајстори.

Зградата на бирото, во која се сместени и низа други сродни установи

На базите на бирото, посетителите имаат увид во аривската евиденција за животите на многу уметници од минатото. Се држат околу 450.000 наслови, од кои 150.000 се каталози од лицитации. Има приближно. 3.000 списанија, од кои 600 излегуваат со нови броеви. Иако најголемиот дел од текстот е на холандски, стандардниот записен формат содржи врска со библиотечни единици и слики од познати дела со наслови и на англиски.

Бирото раководи и со холандската верзија на Уметничко-архитектонски толковник (Art & Architecture Thesaurus), кој е поими за работење со информации од област ана уметноста и архитектурата, чија изворна англиска верзија е иницијатива на истражниот институт „Гети“ од Лос Анџелес.

Историја

уреди

Збирката е започната во 1932 г. од историчарите на уметноста Фриц Лугт (1884-1970) и Корнелис Хофстеде де Грот (1863–1930), со бројни дела од нивните лични збирки. Овие дела послужиле како основа за уметничката и книжевно-документациската збирка, која денес се чува во Кралската национална библиотека на Холандија.

Наводи

уреди
  1. „Collecties — RKD“. Архивирано од изворникот на 2015-09-15. Посетено на 25 јуни 2015.

Надворешни врски

уреди

52°04′54″N 4°19′39″E / 52.0816° СГШ; 4.3275° ИГД / 52.0816; 4.3275