Евгенија Жигуленко
Евгенија Андреевна Жигуленко (руски: Евгения Андреевна Жигуленко; 1 декември 1920 – 27 февруари 1994) беше пилот и навигатор во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија на Вториот белоруски фронт за време на Втората светска војна. За нејзините подвизи за време на воената служба е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година.[1]
Евгенија Андреевна Жигуленко Евгения Андреевна Жигуленко | |
---|---|
Починал | 27 февруари 1994 (73 години) Москва, Руска Федерација |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1955 |
Чин | Мајор |
Единица | 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втора светска војна |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Civilian life
уредиЖигуленко е родена на 1 декември 1920 година во Краснодар во работничко семејство. По завршувањето на средното училиште во Тихорецк во 1939, студира на Московскиот институт за воздухопловна технологија, по што дипломира на училиште за летање во Московскиот Аероклуб. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1942 година.[2]
Воена кариера во Втората светска војна
уредиВо октомври 1941 година ѝ се придружува на советската армија и учествува во битките на Источниот фронт, започнувајќи во мај 1942 година по завршувањето на нејзините воени навигациски курсеви. Работи како шеф на комуникации на полкот и подоцна е унапредена во командант на лет. Како командант на лет во "Ноќните вештерки" (официјално 588ми Ноќен бомбашки полк до преименувањето во 1943 година во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк), учествува во вомвашки мисии на Јужниот, Кавкаскиот и Белорускиот фронт, како и во Берлин, Крим, Керч, Колберг, Кубањ, Млавско-Елбинг, Могиљов и Осовец. Вкупно извршува 968 борбени мисии со авионот Поликарпов По-2, по што е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година.[3]
По војната
уредиЖигуленко останува во воздухопловните сили на активна должност додека не дипломира на Ленинската воено-политичка академија во 1955 година, кога преминува во резервата пред на крај да се пензионира од војската. Во 1976 година дипломира на Државниот институт за кинематографија Герасимов и работи како филмски режисер, создавајќи два големи филма: „Во небото на Ноќните вештерки“ и „Без право на неуспех“, донирајќи копија од филмот на Поклонаја Гора Музеј на Големата Патриотска војна. Умира на 73 години на 27 февруари 1994 година и е закопана на Троекуровските гробишта.[1][2]
Награди
уреди- Херој на Советскиот Сојуз[4]
- Орден на Ленин[4]
- Два Ордени на Црвеното знаме[5][6]
- Два Орден на Патриотската војна, прва класа[7][8]
- Два Ордени на Црвената ѕвезда[9]
- кампањски и јубилејни медали
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Simonov, Andrey. „Жигуленко Евгения Андреевна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-01-21.
- ↑ 2,0 2,1 Shadov, Ivan (1987). Герои Советского Союза: краткий биографический словарь I, Абаев - Любичев. Moscow: Voenizdat. стр. 502. ISBN 5203005362. OCLC 247400113.
- ↑ „Биография Евгения Жигуленко“. www.peoples.ru. Посетено на 2018-01-21.
- ↑ 4,0 4,1 „Жигуленко Евгения Андреевна, Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль "Золотая звезда")“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Красного Знамени (1942)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Красного Знамени (1945)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Отечественной войны I степени (1943)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Отечественной войны I степени (1985)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Жигуленко Евгения Андреевна, Орден Красной Звезды (1944)“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-01.