Евангелско-протестантска црква „Гласност“

Евангелско-протестантска црква „Гласност“ ― евангелско-протестантска црква која е дел од Евангелско-протестантската иницијатива.

Евангелско-протестантска црква „Гласност“
Основана2006
ВидЦрква
РегионМакедонија Македонија
ПрипадностЕвангелско-протестантската иницијатива

Историја

уреди

Александар Маџаровски и Алпин Поп Николов, водачи на Христијанскиот центар 490 започнале младински богослужби во 2003 година. Заедно со луѓе од тие заедништва во 2006 година започнале нова заедница во Скопје - Христијански центар „Гласност“ - со визија да се допре до младите алтернативни кругови во градот. Првите богослужби биле одржувани во „Даре Џамбаз“, а подоцна биле преместувани на неколку места. Оваа црква во своите почетоци користела современи музички правци во славењето и става нагласок на творештвото и уметностите. Во 2016 година црквата била регистрирана како Евангелско протестантска црква - „Гласност“.


Цели и активности

уреди

ЕПЦ - „Гласност“ се бори за социјална правда, се вклучува во различни проекти од ваков карактер од кои дел се: Светската кампања “Најголемата чоколадна забава“ која имала за цел да ја стави во светло злоупотребата на децата работници поробени во фармите за производство на какао“; потоа бегалската криза во 2015 година, за помагање на бегалците со храна, облека и топли пијалоци во привремените кампови во Гевгелија и Табановце; Ретвитни Оброк - граѓанска иницијатива која имала за цел да поттикне и анимира граѓани да зготват и рециклиаат храна која се донира секоја сабота на бездомни лица и луѓе со тешка финансиска состојба.[1]

Наводи

уреди
  1. Јован Јоновски, Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, Скопје, 2017.