Еблескивер се сферични дански закуски направени од пржено тесто. Името буквално значи „парчиња јаболко“ на дански, иако јаболката обично не се состојка во денешните верзии. Кората е слична по текстура на европските палачинки, но со лесна и мека внатрешност слична на Јоркширски пудинг.

Еблескивер
Еблескивер
РегионДанска

Тава за еблескивер

уреди
 
Тава за еблескивер

Еблескивер се готват со помош на специјална тава со неколку вдлабнатини. Тавата постои во верзии за плински и електрични шпорети (вторите со обично дно). Тавите обично се направени од леано железо кое има зголемено задржување на топлината.

Подготовка

уреди
 
Еблескивер со џем

Тестото за еблескивер обично вклучува пченично брашно, кое се меша со матеница, млеко или павлака, јајца, шеќер и сол. Некои рецепти исто така вклучуваат маснотии (обично путер), потоа кардамон и кора од лимон за да се подобри вкусот, и најчесто прашок за печиво, но понекогаш и квасец, за да се крене тестото.

Тестото се прелива во намачканите вдлабнатини и кога почнува да се готви, парчињата се превртуваат со игла за плетење, ражен или вилушка, за да им се даде на колачите карактеристична сферична форма. Тие традиционално се готвеле со парчиња јаболка или сос од јаболка внатре, но овие состојки многу ретко се вклучени во денешните дански форми на јадење. Самите крофни не се слатки, туку традиционално се служат потопени во џем од малини, јагоди, црни рибизли или капини и посипани со шеќер во прав. Путер, јаворов сируп и шлаг се исто така популарни додатоци.[1]

Еблескивер често се купуваат пржени и замрзнати во супермаркетите, а потоа дома се загреваат во рерна.

Традиции

уреди
 
Човек што прави еблескивер во данскиот американски центар во Минеаполис, Минесота

Во Данска, еблескивер се поретки во рестораните, а повеќе ги има на случајни семејни собири. Може да се најдат и продавани од улични продавачи во зима.[2] Традиционално се служат со џем и шеќер во прав, и се ставаат по три на чинија. Тие традиционално се јадат за време на божиќната сезона[3] и често се служат со скандинавско варено вино. Се продаваат на божиќни пазари, добротворни пазари, настани на отворено,[1] локални спортски собири, и слични места. Се служат и на детски родендени, поради нивната популарност и лесна подготовка. Доброволните здруженија добиваат профит кога ги подготвуваат од претходно пржената, замрзната фаза и ги продаваат, обично три одеднаш, со вообичаените зачини.

Во Северна Америка има неколку годишни настани кои го слават еблескивер и данската култура, со цркви и музеи кои одржуваат „Еблскиверски вечери“, и слични настани.

Историја

уреди
 
Еблескивер подготвуван дома на шпорет.

Точното потекло на еблескивер е непознато. Една популарна претпоставка е дека група Викинзи по тешка битка се вратиле на својот брод, и посакале да каснат оброк сличен на палачинки. Но, бидејќи немале тави, ги користеле своите штитови или шлемови, што резултирало со колачиња со сферична форма.[4] 

Според друго објаснување, обичајот за правење специјално јадење со исечени јаболка потекнува од средниот век кога било невозможно да се складираат живите јаболка по одреден датум. Последните јаболка од годишната жетва биле сечени, користени за ароматизирање на глог, извадени од глог, завиткани во тесто и пржени во мрснотии или путер како берлинската крофна.[5] Од овде доаѓа името, што значи „парчиња јаболко“. Во 17 век, како што станале достапни тавите од леано железо со хемисферични вдлабнатини, можел лесно да се прави еблескивер во текот на целата година.

 
Печатена илустрација на Питерс Јул во 1889 година

Првото појавување на зборот „еблескивер“ било во Питерс Јул (1866), книга со поеми на Јохан Крон (1841–1925; син на Фредерик Кристофер Крон и брат на Пјетро Крон).[6] „Еблескивер исполнет со јаболка“ се споменува и во приказната „Сакати“ од 1872 година од Ханс Кристијан Андерсен.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „History“. Aebleskivers (англиски). Посетено на 2020-03-19.
  2. „All about aebleskivers“. Los Angeles Times (англиски). 2009-05-13. Посетено на 2020-03-26.
  3. „About Solvang Restaurant“. Solvang Restaurant (англиски). 2016-03-08. Посетено на 2020-03-19.
  4. „About Aebleskiver“. Solvang Restaurant (англиски). 2017-02-10. Посетено на 2020-03-19.
  5. „I dag skal vi have æbleskive“ [We will have æbleskiever today] (Danish). Danmarks Radio. 2012-12-08. Архивирано од изворникот на 2016-03-04.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. This particular poem is about New Years Eve. Krohn, Johan (1866). „VII. Nytaarsaften“. Kalliope. Посетено на September 1, 2021. Iaften ender det gamle Aar, Og derfor vi Æbleskiver faaer
  7. Andersen, Hans Christian (1872). „The Cripple“. University of Southern Denmark. translated by Jean Hersholt. Посетено на September 1, 2021.

Надворешни врски

уреди