ЕОНИА
ЕОНИА (англиски: Euro OverNight Index Average) е делотворна каматна стапка наменета за кредитите преку ноќ пресметувана како пондериран просек на сите необезбедени кредитни трансакции преку ноќ на меѓубанкарскиот пазар во евра. Била воспоставена во рамките на еврозоната од страна на повеќе банки. Таа е една од двете одредници за пазарите на пари и капитал во рамките на еврозоната (другата е ЕУРИБОР). Банките кои придонесуваат кон ЕОНИА се истите оние кои се вклучени во ЕУРИБОР.
Каматните стапки на ЕОНИА се пресметувани од Европската централна банка врз основа на сите создадени меѓубанкарски средства преку ноќ пред затворањето на системите RTGS во 18 часот по средноевропско време и објавени преку Ројтерс секој ден пред 19 часот.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Overnight Indexed Swaps“ (PDF). Credit Swiss. 11 декември 2001. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-12-01. Посетено на 16 јули 2008.
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |