Дутлок
Дутлок е една од најголемите населби во Гостивар. Таа е една од најтивките населби оддалечена од градскиот метеж и врева, сместена на десната страна на реката Вардар, поточно позади болницата и градскиот парк во Гостивар. Тука се наоѓаат и средните училишта во Гостивар,како што се: економското, гимназијата и медицинското средно училиште. Исто така во склоп на населбата Дутлок се наоѓаат судот и градскиот фудбалски стадион. Во оваа населба најголемиот дел од населението се Македонци, па потоа следат Албанци и во мал дел Турци и Роми. Интересно е тоа што иако е мирна населба сепак ноќниот живот во Гостивар почнува во тамошнитe кафе-дискотеки Hard Rock,Cooffe Club People и Planet Cafe.