Дуропласт
Дуропласт — композитна термореактивна смолна пластика развиена од инженерот Волфганг Бартел во 1953 година[2] во Германската Демократска Република.[3][4] Нејзиниот метод на производство го става во слично семејство како формиката и бакелитот. Тој е зајакнат со влакна (обично отпадни ткаенини од конфекцијата) што ја прави пластика засилена со влакна слична на фибергласот.
Употреба и состав
уредиГерманската Демократска Република редовно се соочувала со недостиг на челик и имала мали или никакви сопствени резерви на железо. Како резултат на тоа, државниот производител на автомобили VEB Sachsenring Automobilwerke Zwickau наместо наведените материјали користел дуропласт за производство на каросеријата на Трабант. Производството траело од 1955 година до веднаш по обединувањето на Германија во 1991 година. Лесен, но цврст материјал, дуропластот е направен од рециклиран материјал: отпад од памук и фенолни смоли. Бидејќи се образува во преса, полесно се применува за обемно производство на автомобили отколку фиберглас.
Отстранување
уредиДуропластот е тешко да се фрли одговорно, сличен проблем се среќава со фибергласот. Откако фрлените трабанти почнале да ги полнат отпадите по 1991 година, биле воведени креативни решенија за нивно рециклирање. Едниот е развиен од берлинска биотехнолошка компанија, која вршела опити со бактерии за да го потроши материјалот за дваесет дена.[5][6] Урбаните легенди, прикажани во филмот Црна мачка, бела мачор и опишани во песна на српската група Атеист Рап, го опишале рециклирањето на дуропластот со хранење на автомобилите на свињи, овци и други домашни животни.
Во доцните 1990-ти, Sachsenring развил решение за отстранување во кое лушпите на телото биле сечкани и користени како агрегат во цементни блокови за изградба на тротоарите. Ова било прикажано во една епизода од програмата Scientific American Frontiers на американскиот ТВ-канал PBS.
Јавно мислење
уредиУпотребата на дуропласт во Трабантите и последователните шеги и потсмев на ГДР во западните автосписанија како што се Car and Driver, довеле до урбан мит дека Трабантот е направен од брановиден картон.
Наводи
уреди- ↑ „PBS - Scientific American Frontiers:Previous Shows:Transcripts:Special From Germany“. PBS. 2012-03-13. Архивирано од изворникот на 2012-03-13.
- ↑ „"Doch der erste war er"– Geschichte des Duroplastautos“. UNZ (German). 2015-12-01. Посетено на 2024-01-19.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Purcell, Russell. „Feature: A Car for a Dollar – The Trabant“. www.autos.ca. Посетено на 28 January 2023.
- ↑ Pander, Von Jürgen (November 7, 2007). „An East German Icon Hits 50“. SPIEGEL International. Посетено на 28 January 2023.
- ↑ Kumar, Arvind (2004), Environment Contamination & Bioreclamation, APH Publishing, стр. 32, ISBN 978-81-7648-587-6.
- ↑ Petrány, Máté (13 February 2015). „How Come Duroplast Didn't Become A Thing While Fiberglass Went Big?“. Jalopnik. Посетено на 2 July 2015.