Дуплекс (филм од 2003)

Дуплекс (англиски: Duplex) е американско-германски филм од 2003 година, во режија на Дени де Вито. Главните улоги ги толкуваат: Бен Стилер, Дру Баримор и Ејлин Есел.

Содржина уреди

Алекс (го игра Стилер) и Ненси (ја игра Баримор) се млад брачен пар од Њујорк во потрага по својот дом од соништата. Најпосле, тие успеваат да пронајдат совршен дом во Бруклин. Станот ги има сите работи што тие ги посакувале (дури и два камина), меѓутоа на горниот кат над нив живее г-ѓа Конели (ја игра Есел), која има доживотен договор за изнајмување. Сепак, тие го купуваат станот, претпоставувајќи дека таа е стара и болна, така што нема долго да живее. Но, набргу, тие увидуваат дека таа е витална старица, која ужива по цел ден да гледа телевизија, а исто така, таа е член на дувачки оркестар, кој одржува проби во станот. Така, нивниот живот се претвора во измачување.[1] [2]

Наводи уреди

  1. „Дуплекс“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 17.
  2. „Дуплекс“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 25.