Дуглазија

(Пренасочено од Дуглазии)
Дуглазија
Дуглазија
(Pseudotsuga menziesii var. menziesii)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Дуглација
Carrière
Pseudotsuga menziesii
Pseudotsuga menziesii

Дуглазија (научPseudotsuga) — род на зимзелени дрва од фамилијата борови (Pinaceae). Други познати имиња се „Дугласово дрво“, „Дугласова елка“ и „орегонски бор“. Долго време се дебатирало околу бројот на видовите, но веќе се признаени два во западниот дел од Северна Америка и два до четири во источна Азија.

Вообичаеното име дугласова елка е во чест на Дејвид Даглас (ирски: Дуглас), шкотски ботаничар кој за првпат го воведе P. menziesii во 1827 г., во Скунскиот дворец во Шкотска. Дугласовите елки не се вистински елки и не припаѓаат на родот ела (Abies). Повеќето речници не ја препознаваат оваа разлика, со исклучок на Меријам Вебстер

Досега најпознат е широко распространетиот северноамерикански вид на истонаречената дуглазија (Pseudotsuga menziesii). Тоа е многу високо (до 100 м) и брзорастечко иглолисно дрво од тихоокеанските подрачја на Северна Америка. Листовите се игловидни, меки, со сочна зелена боја. Шишарките се провиснати, кафеави со покривни лушпи подолги од плодните. Тоа е вид со квалитетно дрво и со многу голем растежен потенцијал. Досегашните резултати од нејзиното приспособување во Македонија се многу охрабрувачки.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 497. Text "series " ignored (help)