Друштвото на мртвите поети
Друштвото на мртвите поети (англиски: Dead Poets Society) - американски филм од 1989 година, во режија на Питер Вир, според сценариото на Том Шулман. Главните улоги ги играат: Робин Вилијамс, Роберт Шон Леонард, Итан Хоук, Џош Чарлс, Гејл Хансен, Дилан Кусман, итн.
Синопсис
уредиДејството на филмот се одвива во едно елитно машко училиште на источниот брег на САД, во есента 1959 година. Во едно од одделенијата доаѓа новиот професор по англиска книжевност, Џон Китинг (го игра Вилијамс). Тој применува неконвенционални методи на учење, а предавањата му се толку необични и интересни, што учениците полека се ослободуваат од стегите и започнуваат да го набљудуваат животот со сопствени очи и да размислуваат со сопствената глава. Набргу, тие дознаваат дека професорот Китинг во младоста бил член на Друштвото на мртвите поети во кое членувале учениците што ја сакаат поезијата и, следејќи го тој пример, и тие формираат слично друштво. Еден од учениците, Нил Пери (го глуми Леонард), е восхитен од книжевноста, а особено од глумата, но неговиот татко се спротивставува на таквите склоности и бара тој да изучува медицина. На крајот од филмот, по смртта на ученикот, професорот Китинг добива отказ, а во мигот кога тој доаѓа да си ги собере своите лични работи, сите ученици му даваат поддршка, бунејќи се против новиот конзервативен професор.[1]