Другар
Другар[1][2] (женски облик другарка) — именка што означува колега, пријател или сојузник. Поретко се користи и кога некој сака да биде етикетиран како комунист. Зборот е од словенско потекло и со текот на времето имал различни значења.
Неполитичко значење
уредиВо Социјалистичка Југославија често се користел во неполитичка смисла за колега или соработник, во која е сличен на германскиот Kamerad, односно англискиот или. На пример. школски другар, воен другар, другар од војска. Значи, зборот во основа значел соработник (или сопатник) на работа, на училиште, во затвор или во војска.
Друго значење на именката другар е познаник, односно некој со кој се дружиме, но сепак не сме во многу добри односи, односно не сме пријатели.
Политичко значење
уредиЗборот другар бил широко употребуван во СФРЈ во официјален и политички контекст, означувал:
- членови на Комунистичката партија,
- други лица во јавна служба; на пример. другарот учител / другарката учителка, другарот началник (претседател, судија) итн.,
- политички коректна замена за г./г-ѓа (Другарке Спасеска, денес изгледате навистина убаво).
Наводи
уредиЛитература
уреди- „The Soldiers Creed and Army Values“. Rhode Island National Guard. Rhode Island National Guard. Архивирано од изворникот на 4 април 2010. Посетено на 10. 10. 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)