Дрзок потег на обично непознатите крадци
„Дрзок потег на обично непознатите крадци“ (италијански: Audace colpo dei soliti ignoti) — италијанско-француски филм од 1959 година, во режија на Нани Лој (Nanni Loy), кој е автор и на сценариото, заедно со Аџеноре Инкрочи (Agenore Incrocci) и Фурио Скарпели (Furio Scarpelli). Улогите ги играат: Виторио Гасман (Vittorio Gassman), Ренато Салватори (Renato Salvatori), Нино Манфреди (Nino Manfredi) и Клаудија Кардинале (Claudia Cardinale).[1]
Синопсис
уредиЕден гангстер од Милано собира група крадци со цел да украде ковчег полн со пари, но во текот на акцијата се појавуваат неочекувани потешкотии...