Државен политехнички музеј (Киев)

Државниот политехнички музеј (украински: Державний політехнічний музей ) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Државен политехнички музеј
Державний політехнічний музей
Карта
Основан1993
МестоКиев, Украина Украина
ДиректорН.В.Писаревска

Музејот бил основан во 1998 година и се наоѓа во една од зградите на Киевскиот политехнички институт, како неговата деловна единица. Отворањето на Политехничкиот музеј е посветено на 100-годишниот јубилеј на универзитетот.

Музејот се наоѓа во седум простории до вкупна површина од 1,500 квадратни метри, а изложбата се состои од 13 поглавја. Во музејот се сместени повеќе од 10,000 различни предмети, од кои 3,000 постојано се изложени. Предметите кои се изложени се од најразлични области, и тоа од науката и технологијата не само на Украина, туку и од светот. Предметите се состојат од материјали за електрониката, разни инструменти, радио, телекомуникации, информатиката, авијација итн.

Во посебна просторија се наоѓа целосната историја на Киевскиот политехнички институт