Државен пат 4а (Грција)

патен огранок во Егејска Македонија, Грција

Државен пат 4а или ЕО4a (грчки: Εθνική Οδός 4a) — патен огранок во Егејска Македонија, Грција. Ги поврзува Бер (Верија) и Вртикоп (Скидра), а со тоа е поврзан со Воден. Минува низ повеќе места, меѓу кои градот Негуш (Науса). Има по една лента во секоја насока и должина од 33 км.

Патот за Негуш
Информации за правецот
Должина:33 км
Поважни клучки
Јужен крај:Бер
Северен крај:Вртикоп
Местоположба
Области:Егејска Македонија
Поважни градови:Бер, Негуш, Вртикоп
Патна мрежа
Патишта во Грција

Патот е во тек на доградба, а се проучува и негово поврзување со магистралата „Егнатија“ (А2).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди