Државен музеј на воздухопловството на Украина
Државен музеј на воздухопловството на Украина (украински: Державний музей авіації України) — музеј кој се наоѓа во Киев, Украина.
Державний музей авіації України | |
Изложени воздухоплови на музејот | |
Основан | 30 септември 2003 |
---|---|
Место | Меѓународен аеродром, Киев, Украина |
Координати | 50°24′26″N 30°27′34″E / 50.407222° СГШ; 30.459444° ИГД |
Тип | воздухопловен |
Кустос | Јуриј Зјатинов |
Мреж. место | http://aviamuseum.com.ua/ |
Музејот бил отворен на 30 септември 2003 година во пресрет на одбележувањето на стогодишнината од светското воздухопловство и 80 години воздухопловство во Украина.
Музејот се наоѓа во Киевскиот институт за цивилно воздухопловство, денес Државен воздухопловен универзитет.
На површина од 20 хектари се наоѓаат повеќе од 70 експонати.