Државен завод за геодетски работи на Република Македонија


Државниот завод за геодетски работи (ДЗГР) или само Катастар е самостоен државен орган на Владата на Република Македонија кој е задолжен да ги извршува геодетските работи и да ги запишува правата на недвижностите.[1]

Државен завод за геодетски работи
Катастар
Лого на заводот
Податоци за органот
Основан 28 јули 1947
Надлежност Самостоен државен орган на Владата на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 830
Раководител Дипл. архитект инж. Љупчо Георгиевски (директор)
Мрежно место
katastar.gov.mk

Основан е на 28 јули 1947 година од страна на Владата на Народна Република Македонија. Својата функција ја извршува преку подрачни одделенија сместени во 29 поголеми града во Република Македонија и централа сместена во главниот град – Скопје. Во ДЗГР работат вкупно 830 лица на територијата на целата држава.

Организација уреди

Своите функции дефинирани со закон Државниот завод за геодетски работи ги извршува преку работата на 10 сектори и едно одделение и тоа:

  • Сектор за геодетски работи
  • Сектор за дигитализација, чување и издавање на податоци и просторни единици
  • Сектор за информатичка технологија
  • Сектор за контрола
  • Сектор за човечки ресурси
  • Сектор за финансии
  • Сектор за планирање и развој
  • Сектор за катастар на недвижности - Скопје
  • Сектор за катастар на недвижности - Република Македонија - А
  • Сектор за катастар на недвижности - Република Македонија - Б
  • Одделение за внатрешна ревизија

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 492. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)

Надворешни врски уреди

Државен завод за геодетски работи на Република Македонија Архивирано на 15 септември 2008 г.