Древљани
Древљаните (украински: Древляни или украински: Деревляни, руски: Древля́не) биле словенско племе кое постоело помеѓу 6ти и 10ти век, кое ги населувало териториите на Полесје и западниот брег на реката Днепар.
Етноним
уредиНивното име доаѓа од словенскиот збор древо или дерево, што значи „дрво“,[1] бидејќи тие живееле во шумите.[2] Нивното име може да биде преведено како „жители во шумата“.[1] Баварскиот географ од 9 век, споменува Forsderen-Liudi, што најверојатно се однесува на нив.[3] Нестор Летописец (1056–1114) споменува дека оние Словени кои се населиле во полето биле нарекувани Пољани, а оние во шумите Древљани.[4]
Населби
уредиДревљаните оставиле многу археолошки траги, како што се земјоделски населби со полуземјанки, гробници без тумули, утврдени градови како Вручиј (денешен Овруч), Хородске, населба во близина на Малин и други. До крајот на првиот милениум, Древљаните имале добро развиено земјоделство и занаетчиство.
Историја
уредиДревљаните на почетокот жестоко се спротивставиле на Киевски Рус. Според голем број на хроники, во времето на Киј, Шчек и Хорив (наводно, основачите на Киев) Древљаните имале свое кнежевско владеење и често биле во војна со Пољаните. Во 883, новгородскиот кнез Олег ги потчинил Древљаните да му плаќаат данок на Киев. Во 907 година, Древљаните зеле учество во во воената кампања на Киев против Источната римска империја.
По смртта на Олег во 912 година Древљаните престанале да плаќаат данок. Наследникот на Олег, Игор, се обидел да им наплати данок, но Древљаните се побуниле и го убиле во 945 година. Вдовицата на Игор, Олга се одмаздила за смртта на својот сопруг на крајно суров начин, ги погубила древљанскиот амбасадор и благородништвото, го запалила нивното седиште, градот Искоростен, а до темел срамнила и други градови.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Nora K. Chadwick (4 July 2013). The Beginnings of Russian History: An Enquiry into Sources. Cambridge University Press. стр. 17–. ISBN 978-1-107-65256-9.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеConte
. - ↑ Henryk Łowmiański, O identyfikacji nazw Geografa bawarskiego, Studia Źródłoznawcze, t. III: 1958, s. 1–22; reed: w: Studia nad dziejami Słowiańszczyzny, Polski i Rusi w wiekach średnich, Wydawnictwo Naukowe Uniwersytetu im. Adama Mickiewicza, Poznań 1986, s. 151–181, ISSN 0554-8217
- ↑ Frank A. Kmietowicz (1976). Ancient Slavs. Worzalla Publishing Company. стр. 54.