Дона Барбара
Дона Барбара (шпански јазик: Doña Bárbara) е колумбиска теленовела. Серијата во САД со прикажување започна на 4 август 2008 во ударниот термин. Серијата е адаптирана според истоимената книга од 20 век. Во главните улоги се појавуваат Едит Гонсалес и Кристијан Меиер.
Дона Барбара | |
---|---|
Податотека:Dona-Barbara-trioa 484x363.JPG Лого на серијата | |
Жанр | драма теленовела |
Создадена од | Ромуло Гаљегос |
Улоги | Едит Гонсалес Кристијан Меиер Генесис Родигез Марица Родригес |
Земја на потекло | САД / Колумбија |
Првичен јазик | шпански |
Бр. на епизоди | 190 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Аурелио Варкарцел Карол |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Телемундо |
Првично прикажување | 4 август 2008 – 22 мај 2009 |
Хронологија | |
Следбеник | Диабло |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | tv.telemundo.yahoo.com/donabarbara/index.html |
Серијата кај нас се емитува на Сител телевизија.
Синопсис
уредиБарбара е млада и романтична девојка, одгледана среде џунглата од група венецуелски банди. Таа е лудо вљубена во нејзиниот свршеник Асдрубал, но една трагедија ќе и го одбележи животот засекогаш. Група бандити ја силуваат и го убиваат мажот кој толку го сакала. Од тој момент во неа се раѓа луда желба за одмазда кон мажите. По патот ја среќава Еустакија, една добра жена, која и помага да се помири со тоа и станува како нејзина мајка. Покрај лекувањето, омразата на Барбара кон мажите расте. Таа си ветува дека ќе им се одмазди и ги искористува само за лична сметка. Таа го заведува моќниот Лоренсо Бакеро и му ги краде сиот имот. Измачен, тој запаѓа во беда и алкохолизам. Од врската се раѓа ќерката – Марисела, која е принудена да живее заедно со измачениот татко, бидејќи г-ѓа Барбара не сака да биде мајка. Г-ѓата се претворува во многу богата жена, која управува со целиот регион и сите и се поклонуваат и се плашат од неа. Но, 15 години подоцна во месноста пристигнува Сантос Лисардо. Амбициозниот адвокат дошол од Каракас за да ја додели сопственоста на семејните земји. Тој наскоро открива, дека г-ѓа Барбара контролира со железната рака. Сантос решава да се бори, за да го спаси чичко му Лоренсо, и да ја образува младата Марисела. Барбара се вљубува во Сантос, додека тој се вљубува во ќерка и Марисела. Тоа ќе го направи дејството на љубовен триаголник, во која мајката и ќерката се борат за еден ист маж.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Едит Гонсалес | Барбарита ‘Г-ѓа Барбара’ Гуаимаран |
Кристијан Мејер | Сантос Лисардо |
Хенесис Родригес | Марисела |
Марица Родригес | Асунсион |
Хенкарлос Канела | Асдурбал |
Кети Барбери | Сесилија |
Арап Бетке | Антонио Сандовал |
Пауло Кеведо | Балбино Паиба |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 23 август 2008 г.