Дом на културата „Наум Наумовски – Борче“ (Крушево)
дом на културата во Крушево
Дом на културата „Наум Наумовски - Борче“ — дом на културата во градот Крушево. Зградата е прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Дом на културата „Наум Наумовски – Борче“ | |
---|---|
Поглед на зградата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | културна установа |
Адреса | ул. „Коча Миленку“ бр. 72 |
Град | Крушево |
Земја | Македонија |
Завршена | 1950-ти |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Опис
уредиГрадбата е сместена на ул. „Коча Миленку“ бр. 72 во Влашкото Маало во јужниот дел на градот. Изградена е во 1950-тите години. Се состои од сутерен, приземје и кат. Изградена е од камен и цела тула, а покривната конструкција е дрвена со ќерамиди. Има мошне малку украсни елементи и пластика.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ „Дом на културата Наум Наумоски – Борче, Крушево“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 4 ноември 2017.
Надворешни врски
уреди- Дом на културата „Наум Наумовски – Борче“ (Крушево) на Ризницата ?
- Дом на културата „Наум Наумовски – Борче“ на порталот на Крушево