Долнополошки срез

(Пренасочено од Долно-полошки срез)

Долнополошки срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

     Долнополошки срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Организација и население

уреди

Кралство Србија

уреди

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Долнополошкиот срез припаѓал на Тетовскиот округ, заедно со Горно-полошкиот, Поречкиот и Галичкиот срез. Како центар на срезот бил градот Тетово. Во 1913 година тој имал 20 општини, со 109 села, едно селце, еден град и еден манастир. Градското населние изнесувало 20.070, додека селското население изнесувало 53.669 жители.[1]

Долнополошкиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Тетово

Жители
1 Брвеничка 8 0:45 2804
2 Вратничка 3 5 1971
3 Групчинска 12 4 3439
4 Гораначка 4 8 1308
5 Доброшка 4 ?[2] 3060
6 Долно-палчишка 10 1:30 6466
7 Жељинска 7 2 2350
8 Јажиначка 5 6:30 2109
9 Лешачка 3 1:30 1995
10 Милетинска 3 2 3160
11 Непроштенска 3 1 1219
12 Раотиначка 4 4 1766
13 Рогачевска 4 6 1972
14 Седларска 3 10 1268
15 Селачка 9 1 5154
16 Сенокоска 7 4:30 4714
17 Стенчанска 3 2 1987
18 Теарачка 4 2:45 2928
19 Џепчишка 4 0:30 2377
20 Шемшовачка 10 4:30 1622

Кралство СХС

уреди

Во 1921 година, срезот исто така имал 18 општини и еден град. Градот Тетово имал 15.115 жители, а тетовската околина имала 46.414 жители.

Јазик61573

уреди

Во градот Тетово, 47% од населението говорело српски или хрватски[3], додека 42% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во тетовската околина 32% говореле на српски или хрватски, а најкористен јазик бил арнаутскиот[4] (66%).[5]

Јазици 1921 година
Јазик Тетовска околина Град Тетово Вкупно %
Српски или хрватски 14848 7120 21968 35.67
Арнаутски 30995 1298 32293 52.44
Турски 483 6432 6915 11.23
Други 128 269 397 0.66

Религија

уреди

Во градот Тетово 45% од населението било православно, додека 54% биле муслимани. Од другата страна пак, во тетовската околина 30% биле православни и 70% биле муслимани.[6]

Религија 1921 година
Религија Тетовска околина Град Тетово Вкупно %
Православни 13826 6900 20726 33.66
Муслимани 32587 8193 40780 66.23
Други 1 26 27 0.11

Кралство Југославија

уреди

Во 1931 година, горно-полошкиот срез имал 19 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 16.359, додека селското население било 54.624. Целиот срез имал 70.983 жители. Како православни се изјасниле 32% од жителите, додека како муслимани 67%.[7]

35% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[8], 53% говореле на арнаутски[4] и 12% на друг јазик (тука се пресметани најголемиот дел од жителите кои говореле турски јазик).

Во ФНРЈ и СФРЈ

уреди

По Втората светска војна, Долнополошкиот срез се преименува во Тетовска околија.

Наводи

уреди
  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Не е наведено.
  3. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  4. 4,0 4,1 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  5. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  8. Во иста графа.