Галички срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

     Галичкиот срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Организација и население

уреди

Кралство Србија

уреди

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Галичкиот срез припаѓал на Тетовскиот округ, заедно со Долно-полошкиот, Горно-полошкиот и Поречкиот срез. Како центар на срезот био селото Галичник. Во 1913 година тој има 10 општини, со 37 села, 2 селца и 1 манастир. Населението изнесувало 20.995 жители.[1]

Галичкиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Галичник

Жители
1 Беличка 5 4 1240
2 Бродечка 4 11 1419
3 Галичка 3 тука бил центарот 3609
4 Жировничка 4 5 2526
5 Лазаро-пољска 1 4:30 2445
6 Нистровска 7 8:30 2340
7 Ничпурска 5 10 1508
8 Присојничка 3 3:15 1429
9 Требишка 4 4 2829
10 Тресоначка 3 3 1650

Кралство СХС

уреди

Во 1921 година, срезот имал 9 општини. Целото население било рурално, со 11.510 жители.

Јазик

уреди

Во Галичкиот срез 77% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 22% говореле на арнаутски јазик[3].[4]

Јазици 1921 година
Општина Српски или хрватски Арнаутски Други Вкупно
Општина

Беличица

43 499 2 544
Општина

Галичник

1887 17 11 1915
Општина

Жировница

1733 388 3 2124
Општина

Лазаропоље

1186 7 11 1204
Општина

Нистрово

17 896 0 913
Општина

Ничпур

18 706 0 724
Општина

Присојница

981 0 0 981
Општина

Требиште

2243 12 6 2261
Општина

Тресонче

844 0 0 844
Вкупно 8952 2525 33 11510
% 77.77% 21.93% 0.3% 100%

Религија

уреди

Во Галичкиот Срез 52% од населението било православно, додека 48% биле муслимани.[5]

Религија 1921 година
Религија Горна Река Долна Река Вкупно %
Православни 1271 4682 5953 51.72
Муслимани 907 4617 5524 47.99
Други 3 30 33 0.29

Кралство Југославија

уреди

Во 1931 година, галичкиот срез имал 7 општини. Тој бил дел од Вардарска бановина. Целиот срез имал 12.051 жители. Како православни се изјасниле 54% од жителите, додека како муслимани 46%.[6]

84% од жителите збореле македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 16% збореле на арнаутски[3].

Во ФНРЈ и СФРЈ

уреди

По Втората светска војна, срезот престанал да постои, бидејќи бил поделен помеѓу соседните срезови.

Наводи

уреди
  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. 3,0 3,1 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.