Документациски и културен центар на германските Синти и Роми

музеј во Германија

Документациски и културен центар на германските Синти и Роми (германски: Dokumentations- und Kulturzentrum Deutscher Sinti und Roma) — меморијален центар посветен на Синтите и Ромите кои биле убиени од страна на нацистите, основан во раните во 1990-тите во Хајдечберг.[1] По неколкугодишен труд во собирање приказни од жртвите, истражувачка и заштитна дејност, градбата била свечено отворена во јавноста на 16 март 1997 година и на настанот присуствувале многу преживеани Синти и Роми. Центарот е првата постојана изложба во светот којашто го прикажува геноцидот извршен над Синтите и Ромите од страна на нацистите.[2] Документацискиот центар има три ката и зафаќа површина од скоро 700 м2.[3] Установата е надгледувана од Централниот совет на германските Синти и Роми, поддржан од градската управа на Хајделберг, и е корисник на средства од посебни фондови доделени од Федералната влада на Германија и од онаа на сојузната држава Баден-Виртемберг.

Градбата во којашто е сместен центарот во јануари 2013

Наводи

уреди
  1. „Sinti und Roma - Heidelberg“. www.sintiundroma.de. Посетено на 15 декември 2016.
  2. Documentation and Cultural Centre Homepage Архивирано на 17 јули 2011 г.
  3. „Sinti und Roma - Building“. www.sintiundroma.de. Посетено на 15 декември 2016.

Надворешни врски

уреди