Доживувањата на Мравката Боро (книга за деца)

книга за деца

Доживувањата на Мравката Боро (приказни за исклучително паметни деца), книга на Тодор Јовчевски во издание на Слово љубве - Букви букс, Скопје 2016 година.

Содржина уреди

Книгата „Доживувањата на Мравката Боро“ е книга за деца. Содржи 22 кратки раскази каде се опишуваат доживувањето на Боро и другарите[1]. Прво што треба да се знае е дека Боро е исклучително паметно мравче. Но, како тоа обично оди заедно, Боро е неверојатно палаво и љубопитно мравче.

Податотека:Mravkata boro.jpg

Како ликови во расказите се јавуваат неговиот татко и мајка кои се смерни, го подучуваат малиот Боро на правилата во животот, за доброто и злото, за убавината и нормално, за хигиената. Го подучуваат и за тоа да биде чесен, искрен и работлив. Мравката Боро понекогаш знае да излаже, да биде фалбаџија, некогаш и себичен. Боро има пријатели и непријатели. Непријател е пајакот кој се обиде да ги залови малите и наивни мравки во својата мрежа. Не е во добри односи со мрзливиот и арогантен црв кој впрочем поради својата самотија е груб, не е во добри односи со Скакулецот Скокалко кој е жртва на својата надменост. Не воодушевен од Боки Боксерот затоа што од него добива убава и поучна лекција.

Затоа негови пријатели се Светлана Светулката, нејзината помала сестра Светулката Лукса, кокетната бубамара Буби, мудрите мравчиња Сања, Тања и Клара. Тука е другар му, мравчето Перо кој е лаком и секогаш гладен. малите пчелички Хана и Прашка кои имаат некои скриени симпатии за палавиот Боро. Веројатно најшармантниот лик во оваа книга е Бумбарот Буле. Буле е поет и низ цела книга зборува во стихови.

Одлики уреди

Куриозитет на оваа книга е што авторот добил инспирација за ликот на Мравката Боро од лик што излегувал во каиш стрип кога авторот бил толку мал што како вели: „одев исправен под масата“ Ликот на Боро е прв пат објавен во сликовница каде онака паметен објаснува мудрости за зеленчукот. Дизајниран е од илустраторот Александар Сотировски. Во оваа книга, прекрасно илустрирана, е редизајнирана од илустраторот Александра Ацеска. Ова е книга за деца. Но, во последниот расказ Боро и дружината запаѓаат во неволја. Успеваат да излезат од проблемите благодарејќи на своето другарство и соработка. Тука веќе книгата добива друга димензија. Колку се инсектите мали на Земјата? Колку сме ние мали под ѕвездите?

Наводи уреди

  1. Доживувањата на Мравката Боро, Тодор Јовчевски, Слово љубве – Букви букс, Скопје, 2016