Договор од Цариград (1897)
(Пренасочено од Договор од Константинопол (1897))
Цариградскиот договор од 22 ноември 1897 година ставил крај на Грчко-турската војна. Под притисок на Големите сили, Османлиите биле принудени да се откажат од заземените територии во Тесалија во замена на неголеми територијални придобивки (395 km2) и воена репарација во износ од 4 милиони турски лири.
Потпишан | 1897 |
---|---|
Место | Цариград |
Потписници | Османлиско Царство Кралство Грција |
Поради неспособност да го исплати овој долг, Грција паднала под финансиска контрола на Големите Сили. Според истиот договор била прекратена војната на островот Крит и островот добил административна автономија на чело со принцот Георгиос (вториот принц на грчкиот крал) како врховен комесар на Велика Британија, Франција, Русија и Италија.