Добош или мал тапан е ударен музички инструмент, што често се користи во симфониски и воен оркестар, како и во мали ансамбли за современа музика, особено во џез, рок и поп-музика. Овој вид на тапан има многу карактеристичен силен, остар и краток звук. Може да се користи како независен инструмент (во поголеми оркестри), а исто така и како дел од комплет тапани (во популарната музика). Најчесто се свири со дрвени удиралки, иако постојат и други техники за свирење, кои произведуваат значително различен звук, како што се металните метлички.

Добош

Тапанот се состои од дрвен или метален цилиндар со пречник од околу 35 сантиметри и висина помеѓу 10 - 30 см, што е затворен од двете страни. Преку долниот дел од кожата растегнати се тенки метални жици. Напонот на овие жици е регулиран со посебен штраф, а острината и времетраењето на звукот зависи од напонот. Покрај завртката, исто така постои и лост кој им овозможува на жиците да не ја допираат кожата. Затегнатоста на кожата е регулирана со завртки и од нив зависи висината на тонот на тапанот.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди