Дневникот на Ана Франк (филм од 1959)

„Дневникот на Ана Франк“ (англиски: The Diary of Anne Frank) – американски филм од 1959 година, во режија на Џорџ Стивенс (George Stevens) по Сценариото на Френсис Гудрич (Frances Goodrich) и Алберт Хакет (Albert Hackett), засновано на дрмата според мотивите на „Дневникот на Ана Франк“. Главните улоги ги толкуваат: Мили Перкинс (Millie Perkins), Џозеф Шилдкраут (Joseph Schildkraut), Шели Винтерс (Shelly Winters), Ричард Бејмер (Richard Beymer), Густи Хубер (Gusti Huber), Лу Џејкоби (Lou Jacobi), Дајан Бејкер (Diane Baker), Даглас Спенсер (Douglas Spencer), Доди Хит (Dody Heath) и Ед Вин (Ed Wynn). Филмот бил номиниран за „Оскар“ во осум категории, а победил во три: најдобра сценографија, црно-бела фотографија (Вилијам Ц. Мелор) и споредна женска улога (Шели Винтерс која подоцна својот „Оскар“ му го подарила на Музејот на Ана Франк во Амстердам).[1]

Синопсис

уреди

Втората светска војна само што е завршена. Ото Франк (го игра Шилдкраут) е единствениот преживеан член на семејството Франк кое било заробено во логорите во Германија. Тој се враќа во својот дом во Амстердам во кој се криел за време на војната, заедно со сопругата Едит (ја игра Хубер) и ќерката Ана (ја игра Бејкер). Таму, во поткровјето го пронаоѓа дневникот што го водела Ана, која ги бележела сите настани што му се случувале на семејството до 1944 година.

Наводи

уреди