Дијад
Дијад од Пела („Опсадникот“) — македонски воен инженер и изумител на многу опсадни машини. Се смета за татко на опсадната техника[1]. Бил ученик на Полиид Тесалиски, воен инженер на Филип II Македонски.
Дијад живеел во IV век п.н.е. и го придржувувал Александар Македонски во неговите походи на Истокот. Конструирал (и подобрувал) подвижни кули, опсадни овни, направи за мерење, рушење и искачување на ѕидини и други воени направи. Дијад е познат како човекот кој го зазел Тир со Александар.[2]
Римскиот архитект Витрувиј[3] за Дијад наведува дека е автор на важно илустрирано дело за воените машини, кое за жал денес не е сочувано. Подоцнежните римски познати опсадни средства се всушност реплики и копии на изумите од Дијад[1].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Дијад - најгенијалниот инженер на Александар, Македониум (македонски)
- ↑ Александар Македонски од В. В. Тарн (англиски)
- ↑ (Витрувиј vii, Вовед)
Оваа статија поврзана со античка Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |