Диџеј Хитмен

Позади псевдонимот Диџеј Хитмен или сегашен Диџеј (AK47) се крие кочанчанецот Тоше Иванов.

БиографијаУреди

Во 1989 година е избран за „Најдобар диџеј на Европа“ од страна на „DMC“ (светска дискџокејска организација).

Во почетокот на 90-тите години од 20-от век, работи како музички водител на Македонската Телевизија и во скопската радио станица „Мега ФМ“. И понатака продолжува да биде диџеј, за да во 2000-та година на натпревар на диск џокеи во Лас Вегас (Невада, САД) ја добие титулата „Милениумски Диџеј Шампион“.

Благодарение на успесите кои го следат во текот на целата кариера, диџеј Хитмен сега познат како диџеј АК47 постојано е на турнеја низ светот.[1][2]

НаводиУреди

  1. „DJ AK47 - Biography“. web.archive.org. 2010-10-30. Посетено на 2021-07-05.
  2. Hope (2016-06-18). „Диџеј: Најпознати диџеи во Македонија“. Диџеј. Посетено на 2021-07-05.