Дискретна симетрија

Во математиката и геометријата, дискретна симетрија е симетрија која опишува непроследени промени во еден систем. На пример, еден квадрат поседува дискретна ротациона симетрија, бидејќи само ротации со множители на прави агли ќе го зачуваат првобитниот изглед на квадратот. Дискретните симетрии понекогаш вклучуваат некој вид на „замена“, овие замени обично се нарекуваат „рефлексии“ или „размени“. Во математиката и теориската физика, дискретна симетрија е симетрија под преобразбите на дискретна група — на пр. тополошка група со дискретна топологија чии елементи образуваат конечно или избројано множество.

Една од најистакнатите дискретни симетрии во физиката е симетријата на парност. Се манифестира во различни елементарни физички квантни системи, како што се квантен хармониски осцилатор, електронски орбитали на водородо-слични атоми со принудување на брановите функции да бидат парни или непарни. Ова за возврат доведува до изборни правила кои одредуваат кои линии на транзиција се видливи во апсорпционите атомски спектри.

Наводи

уреди
  • Славик В. Јаблан, Symmetry, Ornament and Modularity, том 30 од серијалот К и Е за јазли и сè, World Scientific, 2002 година. ISBN 9812380809