Дионисиј Ареопагит
Дионисиј Ареопагит (старогрчки: Διονύσιος ὁ Ἀρεοπαγίτης) — атински мислител, светец и судија во Ареопагот од I век. По неговото преобраќање во христијанство станал негов значаен деец и како таков се почитува во повеќе гранки на христијанството.
Дионисиј Ареопагит | |
---|---|
Дионисиј Ареопагит на руска икона од XVII век | |
свештеномаченик и Атински епископ | |
Роден(а) | I век, Атина |
Починал(а) | I век |
Почитуван(а) во | православие древноисточни цркви католицизам |
Слава | 3 октомври (православие), 9 октомври (католицизам) |
Обележја | облечен во епископска одежда, држи Евангелие |
Заштитништво | Атина, Кротоне, Херес де ла Фронтера и Охен |
Житие
уредиСпоред библиската книга „Дела на светите апостоли“ (Дела 17,34), Дионисиј прешол во христијанството кога го чул Апостол Павле за време на неговата проповед на Ареопагот; ова сознание доаѓа од коринтскиот епископ Дионисиј кој се повикува на Евсевиј. Бил меѓу првите атињани кои станале христијани.
Според преданието, на помлади години се нашол во Хелиопол во Египет (кај Каиро) токму во времето на Христовото распнување во Ерусалим. Тој петок, за време на распнувањето, според евангелието, „...од шестиот час (на пладне) настана темнина по целата земја, до деветтиот час (три попладне)“ (Матеј 27,45). Младиот Дионисиј бил запрепастен од оваа парадоксална појава (темнината) и воскликнал: „или Бог Создателот на сиот свет страда, или на овој видлив свет му дошол крајот“. Тој ден внимателно го забележал времето кога се случило ова натприродно Затемнување на сонцето.
Кога се вратил во Атина, Дионисиј ја чул беседата на Апостол Павле на ридот Ареопаг во Атина, како говори за натприродната темнина за време на распнувањето, со што наполно се уверил во новата вера. Во 52 г. се покрстил заедно со своето семејство. Неговото примање на Хрста е забележано во Дела 17,34: „А некои луѓе се присоединија кон него и поверуваа. Меѓу нив беше Дионисиј Ареопагит и една жена, по име Дамара, и други со нив.“
Така, кога Дионисиј го чул говорот на Павле во Атина, си го приспомнал доживувањето, и со тоа се уверил дека Павле ја говорел вистината за Христос како Спасител на светот. Според историските списи, кога разбрал дека Исусовата мајка, Богородица Марија, живеела во Ерусалим, Дионисиј отишол таму за да ја види. По таа средба рекол: „Нејзиниот изглед, црти, целиот нејзин изглед сведочи дека таа е навистина Мајка Божја.“ Во Ерусалим исто така открил каде Марија спиела и заминала од овој свет за да му се придружи на Синот и нејзиниот Бог. Тогаш горко липал како апостолите и другите црковни водачи, и со река од солзи присуствувал на нејзиниот погреб. Дионисиј умрел маченички со спалување на клада. Други црковни извори велат дека му била отсечена главата, но тоа е производ на неговото побркување со францускиот старохристијански епископ Дионисиј Париски. Неговото житие може да се најде во делото Црковна историја на ранохристијанскиот историчар Евсевиј Кесариски.
По преобраќањето, Дионисиј станал првиот Атински спископ.[1] Се почитува како светец во православието и католицизмот. Се смета за светецот на Атина и се почитува како заштитник на судиите и судството. Се чествува на 3 октомври по стар стил (16 октомври по нов),[2] а католиците го чествуваат на 9 октомври.[3]
Забуна со псевдоепиграфски автор
уредиНа почетокот на VI век на Дионисиј му биле припишани низа христијански списи од мистична природа напишани со неоплатонистички приод како образложение за христијанските теолошки и мистични идеи.[4] Веќе долго време овие дела се сметаат за псевдоепирафски, а нивниот автор се нарекува „Псевдо-Дионисиј Ареопагит“.
Цркви во чест на Дионисиј
уредиВо Атина има две големи цркви наречени по Дионисиј: едната е православен храм во Колонаки, на улицата Скуфа, а другата е католичката митрополска катедрала на улицата Панепистимиу. По светецот е наречена и пешачката патека околу Акрополот која минува низ карпата на Ареопагот.
Светецот е заштитник на гратчето Гаргалјани во Месенија, како и селотто Диониси на југот од округот Ираклион. Селото е наречено по светецот и единственото населено место на Крит со црква посветена на Дионисиј.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Евсевиј, Црковна историја III: iv
- ↑ „Dionysios the Areopagite - Greek Orthodox Archdiocese of America“. www.goarch.org (англиски). Посетено на 4 октомври 2018.
- ↑ Online, Catholic. „St. Dionysius the Areopagite - Saints & Angels - Catholic Online“. Catholic Online (англиски). Посетено на 4 октомври 2018.
- ↑ За побркувањето на Дионисиј и Псево-Дионисиј во Стенфордската енциклопедија на филозофијата (англиски)
Извори
уредиНадворешни врски
уреди„Дионисиј Ареопагит“ на Ризницата ? |
- Свештеномаченик Дионисиј Ареопагит во Православниот календар, Денови.мк
- Тропар на светиот Христов свештеномаченик Дионисиј Ареопагит — Премин Портал
- Писмо на Св. Дионисиј Ареопагит за Пресвета Богородица — Премин Портал