Димитриос Пазис (грчки: Δημήτριος Πάζης) бил грчки лекар, политичар, член на Елиномакедонскиот комитет и деец на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Димитриос Пазис
Роден 1873
Долна Џумаја, денес Грција
Починал 1953

Животопис

уреди

Пазис е роден 1873 година во гратчето Долна Џумаја. Во текот на Грчко-турската војна од 1897 година бил доброволец. По почетокот на 20 век му се придружил на Елиномакедонскиот комитет извршувајќи тајни мисии.

Во 1908 година бил уапсен и осуден на смрт од страна на турскиот воен суд во Солун. Во текот на Балканските војни е доброволец како лекар во грчката армија. По влегувањето на Долна Џумаја во рамките на грчката држава тој е прв грчки градоначалник на градот.

На 13 мај 1915 година бил избрана за пратеник на грчкиот парламент како претставник на Венизелистичката партија, а потоа бил избран за заменик претседател на парламентот. Во 1916 година учествувал во Движењето за Национална одбрана и меѓу седумтемина кој го потпишале Демократскиот манифест на Анастасиос Папанастасиу. Во текот на процесот Ламја бил осуден на 3 години затвор.

Ослободен е по револуцијата од 1922 година. Пазис се залагал за експроприација и прераспределба на земјата во Македонија и Тесалија со девизата Земја на тие којшто ја обработуваат.

Во 1924 година Пазис станал министер за здравство во првата влада на Папанастасиу и бил сенатор во периодот меѓу 1929 до 1 април 1935, сè до забраната на Сенатот [1]. Денес една улица во Сер е именувана по него [2]

Извори

уреди
  1. Πάζης Χ. Δημήτριος
  2. „Επιτροπής Ονοματοθεσίας Οδών και Πλατειών“. Архивирано од изворникот на 2004-08-09. Посетено на 2011-01-26.