Димитар Смилески
Димитар Смилески — македонски публицист.
Димитар Смилески | |
---|---|
Роден/а | 1948![]() |
Занимање | Публицист |
==Димитар Смилески е роден во 1948 година во село Оздолени, општина Дебрца. Завршил Природно-математички факултет - група Географија, при што се здобил со звање дипломиран географ. Скоро целиот работен век го поминал како новинар, а потоа како главен уредник и директор на Радио Охрид, а бил главен уредник и на охридскиот весник „Езерски Глас“ и на списанието „Далги“.Работел и како директор на Архивот во Охрид, од каде што се пензионирал.Како новинар има подготвено над стотина радио-репортажи и десетина документарни телевизиски емисии за селски населби во Охридско.Во 2001 година магистрирал на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при што се здобил со звање - магистер по туристички науки.Со свои научни трудови од областа на географијата, етнологијата, историјата и туризмот учествувал на разни научни собири во Македонија. Во фокусот на неговиот научен интерес се селските населби во Југозападна Македонија и досега има издадено над дваесет монографии за села во Охридскиот крај.
- „Велмеј“ - монографија (1984)
- „Љубаништа: географска, демографска и историска студија“ - монографија во коавторство со Наум Ристески (1985)
- „Долно Лакочереј“ - монографија (1986)
- „Куратица“ - монографија (1986)
- „Ботун“ - монографија (2002)
- „Родописот на Неловци - Оровник“ - монографија (2003)
- „Скребатно“ - монографија (2005)
- „Оздолени - Слатински Чифлик - Сошани“ - монографија (2008)
- „Скребатно“ - монографија (2011)
- „Пештани“- монографија (2014)
- „Требеништа“ - монографија (2017)
- „Сирула“ - монографија (2018)
- „Косел“ - монографија (2019)
- „Опеница“ - монографија (2020)
- Српски документи за историјата на Охридско-струшкиот регион II(1890-1940)(2020) со Павле Митрески„[2]
- „Лев Огненов“ - монографија во коавторство со Павле Митрески (2022)
- „Арбиново“ - монографија - коавторство со Велјан Ѓорески (2023)
- „Охридски летопис* - прв дел, во коавторство со Павле Митрески (2024)
Извори
уреди- ↑ „Виртуелна библиотека на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2013-01-29. Посетено на 2012-01-22.
- ↑ „Пештани“.
Оваа статија македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |