Димитар Дука Кавасила
Демитар Дука Кавасила (грчки: Δημήτριος Δούκας Καβάσιλας; жив. 1347–87) ― висок римски службеник и големец од втората половина на 14 век.
Тој бил поддржувач на Јован VI Кантакузин за време на римската граѓанската војна од 1341-1347, и бил принуден да побегне од Солун во 1342 година, кога радикалната партија на зилотите ја презела власта во градот. Тој бил фатен и затворен од противниците на Кантакузин, но по победата на Кантакузинистите во 1347 година, бил ослободен и награден со обемни земјишта во Каламарија, близу Солун, и титула голем папија (евнух).[1][2] Неговото точно потекло, а особено причината за неговата употреба на презимето „Дука“, се нејасни; неговиот татко најверојатно се викал Ѓорѓи Кавасила.[1] Во документите што ја потврдуваат неговата кариера, се чини дека Димитар бил поврзан со војската.[1] Тој бил унапреден во голем архон во 1369 година,[2] и му се обратил Димитар Кидон во писмо дури во 1386/7 година.[1]
Се оженил со Ана Ласкарина и имал најмалку два сина, од кои едниот бил земјопоседникот Мануил Кавасила.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Polemis 1968.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Trapp и др. 1981.
Извори
уреди- Polemis, Demetrios I. (1968). The Doukai: A Contribution to Byzantine Prosopography. Лондон: The Athlone Press.
- Trapp, Erich; Walther, Rainer; Beyer, Hans-Veit; Sturm-Schnabl, Katja (1981). „(10084) 92224. Καβάσιλας, ∆ημήτριος ∆ούκας“. Prosopographisches Lexikon der Palaiologenzeit (германски). 5. Виена: Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften.