Дивна Лулиќ Јовчиќ

Дивна Лулиќ Јовчиќ (Врање, 8 јули 1964) — лирска поетеса, сатиричарка, автор на афоризми, раскази, сликарка и текстописец за деца од Суботица. По професија е графички дизајнер.

Родена била во Врање. Во третата година од животот се преселила во Суботица, каде живее и ден-денес. Завршила Средно училиште за применети уметности Богдан Шупут, отсек графички дизајн, во Нови Сад во 1983 година.[1]

Член е на поетскиот клуб Орфеј од Суботица. Своите дела ги објавува во списанија, зборници и антологии.[2] Во 2010 година ја објавила својата прва збирка љубовна поезија Како тоа да се случило.

Со сликање се занимава од 2002 година, а од 2007 година член е на Уметничкото одделение на Хрватскиот културен центар Буњевачко коло.[3]

Техниката што ја користи е пастел. Слика коњи, мртва природа и жени. Изложувала на групни изложби и учествувала на ликовни колонии во земјата и соседните земји.[4][5]

Досега имала четири самостојни изложби. Се занимава со уметничка фотографија, илустрација на книги и работи како применет уметник - дизајнер.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Дивна Лулић Јовчић | "ОРФЕЈ" Клуб песника“. www.orfejsu.com. Посетено на 2021-07-04.
  2. Najnovije novosti, književni, haiku natječaji i ostalo... Žiri u sastavu: profesor Nenad Radoš (Beograd), književni kritičar Nikica Banić (Inđija) i pesnik Jovan Bodrožić (Inđija) odlučio je da u Zborniku Dvadeset prvog međunarodnog susreta pesnika „Garavi sokak“, Inđija, 2010. bude zastupljeno 374 autora i to:
  3. Likovni odjel HKC-a „Bunjevačko kolo“ upriličio prodajni postav likovnih djela svojih članova[мртва врска][мртва врска], ZKVH, izložba slika likovnog odjela HKC-a „Bunjevačko kolo", otvorena na prigodnoj svečanosti 14. studenoga 2011. (izvor:Hrvatska riječ). Preuzeto 28. ožujka 2013. godine.
  4. Dnevni list 8. saziv tradicionalne likovne kolonije “Čapljina 2012.”. 6. kolovoza 2012.
  5. HKUD Vladimir Nazor, Sombor 12. Susret slikara u okviru Likovne kolonije „Kolorit“, u okviru programa rada Hrvatskog kulturno-umetničkog društva „Vladimir Nazor“ u Somboru. Odazvalo se dvadesetak slikara svih generacija, mahom iz Sombora, ali i Subotice (Anđelka Dulić, Josip Cvijin, Divna Lulić-Jovčić...

Надворешни врски

уреди