Дејан Тиаго Станковиќ
Дејан Тиаго Станковиќ (српски: Дејан Тиаго Станковић); (Белград, (1965) е писател и книжевен преведувач. Натурализиран жител е на Португалија.
Дејан Тиаго Станковиќ | |
---|---|
Дејан Тиаго Станковиќ во 2016 година | |
Роден/а | 2 декември 1965 Белград, Србија, Југославија |
Занимање | писател, книжевен преведувач |
Животопис
уредиСтанковиќ дипломирал архитектура во 1989, пред да се пресели во Португалија во 1996. Всушност, живее помеѓу Лисабон и Белград. Пишува и преведува на својот мајчин јазик, српско-хрватски, и на португалски. Освен белетристика, пишува и есеи и текстови за бројни медиуми во Србија, Хрватска, Бразил, Португалија и Босна и Херцеговина.
Како книжевен преведувач, ги има направено првите преводи на Жозе Сарамаго на српски, како и на Иво Андриќ на португалски.
Книжевни дела
уреди- Есторил, воен роман (македонско издание објавено во 2017, Слово, Скопје)
- Од каде што бев, веќе не сум и други лисабонски приказни (македонско издание објавено во 2015, Слово, Скопје)
Награди и признанија:
уредиЗа романот Есторил - добитник на Наградата Бранко Ќопиќ која ја доделува САНУ - Тесен избор за НИН-овата награда