Дечански псалтир - средновековен средномакедонски ракопис од 13 век. Содржи 201 пергаментен лист.[1] Напишан е со кирилично писмо. Заглавијата и иницијалите се украсени со бои. Според структурата на текстот се работи за литургиски псалтир со псалми, библиски песни и молитви. Се чувал во Дечанскиот манастир, по што го добил и името. Во 1857 година А. Гиљфелдинг го однел овој ракопис во Русија. Стилот на ракописот припаѓа на Охридската книжевна школа. Се чува во Санкт Петербург, РНБ, Гилфелдинг фонд 17.[2]

Наводи

уреди
  1. Јужнословенски филолог (српски). 1986.
  2. „ВЫПУСК ЖУРНАЛА Македонски средновековни ракописи. 5 : Дечански псалтир 2000“. primo.nlr.ru (англиски).