Дерза
Дерза | |
---|---|
Поглед на врвот Дерза | |
Висина | 2.403 м |
Место | Македонија/ Албанија |
Венец | Кораб |
Прво освојување | непознато |
Дерза (познат и како Дрејза, со значење Јагода од албански Dredhëza) — врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.403 метри[1].
Местоположба
уредиСе наоѓа во средишниот дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија. Според местоположбата на врвот Дерза се наоѓа на координатите 41°43'55" северна географска широчина и 20°31'26" источна географска должина[1]. Сместен е на главниот срт на протегање на планината Кораб, помеѓу врвовите Црн Камен (2404 м.) и Шупла Стена (2431 м.) веднаш непосредно на југ и превојот Цигански Премин (Цигански Проход) (2305 м.) на север. Се одликува со многу величествена глетка, каде самиот врв Дерза се прикажува како многу остар и зашилен карпест врв при што на највисокиот дел има заоблена карпеста испакнатина налик на јагода поради што најверојатно го добил името Дерза што на албански јазик Dredhëza значи јагода. Искачувањето на врвот Дерза е многу тешко бидејќи неговите падини се многу стрмни, при што југоисточната е повеќе тревната, а северната и западната се каменести и земјени каде има опасност од лизгање. Самата највисока точка на врвот е многу тесна, при што на нејзе има место сда застанат највеќе 4 луѓе. Врвот Дерза може да се искачи по доброразгазената граничарска патека која води и го заобиколува по неговата јужна, источна и северна падина, а најдобрата можност за искачување е по тревнатата југоисточна падина помеѓу Дерза и Црн Камен. Во неговата најнепосредна близина, на истиот планински гребен определен со превоите Шкртец и Цигански Проход, со Дерза се и зашилените остри врвови Црн Камен и Шупла Стена, поради што погледнати од повеќе места од далечина тие три врвови даваат особено убава налик „алпска“ глетка.
Галерија
уреди-
Поглед на врвот Дерза и главниот срт на Кораб
-
Поглед на врвот Дерза по главниот срт од југ
-
Поглед на врвовите Шупла Стена (лево) и Дерза (десно)
-
Највисокиот дел на врвот Дерза
-
Поглед на врвот Дерза по главниот срт од југ
-
Поглед на Бачилско Езеро со врвот Дерза во позадината (десно)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 8.13.2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)