Ден од животот (жанр)

Ден од животот (англиски: Day in the life), еден ден од животот или ден од животот нажанр на раскажување што се сосредоточува на настани што се случуваат во текот на еден ден од животот на лицето или лицата.

Овој вид раскажување често се користи во новинарството, каде што „секојдневната приказна документира нечии дејности во одредена временска рамка, како што е еден ден. Видеоновинарот доловува сѐ, со цел да открие значајни подробности“. Жанрот има за цел да им обезбеди на читателите или гледачите поглед на еден типичен ден на лицето без да е неопходен цел ден за претставување на материјалот.

Филм како „Еден ден од животот на...“ појаснува важна идеја: иако приказната може да се сосредоточува на текот на времето, филмското време не е исто како вистинското време. На пример, еден ден од животот на едно животно се прикажува во само 30 или 50 минути филм. Филмот го составува и го забрзува денот. Меѓутоа, поединечните кадри што го сочинуваат филмот се случуваат во вистинско време — десет секунден настан на филм трае десет секунди за гледање. Дури и ако снимката е забавена или забрзана, ние сепак ја доживуваме како да се случува во вистинско време.[1]


Приказната за „еден еден од животот“ може да вклучува определена криза и како таа се решава, но некои писатели ја гледаат како начин за истражување на човечките односи и искуства. Тие веруваат дека сосредоточувањето на еден ден од животот на ликот, дури и без драматична кулминација или разрешување, е прифатлив начин да се раскаже приказна.[2] Овие приказни можат да се сметаат и за приказни за „парче од животот“, кои ги прикажуваат рутинските настани од животот на лицето. Арно ама, приказна од парче од животот не е секогаш ограничена на само еден ден.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Paul Kriwaczek, Documentary for the Small Screen (2016), стр. 36.
  2. Victoria Lynn Schmidt, Story Structure Architect (2005), стр. 94.
  3. Kenneth Kobre, Videojournalism: Multimedia Storytelling (2013), стр. 16.