Ден на Жените Мироносици
Ден на Жените Мироносици познато и како Недела на Жените Мироносици (иако ова повеќе се однесува на целата престојна седмица која е посветена на нив) — значаен христијански празник кој се прославува на 15тиот ден после Велигден.
Ден на Жените Мироносици | |
---|---|
Жените мироносици на Христовиот Гроб. Руска икона од 19 век | |
Го празнува(ат) | христијанскиот свет |
Вид | христијански |
Датум | 15 дена по Велигден |
Поврзано | Велигден, Недела на Жените Мироносици |
Житие
уредиТрадиционално како Мироносици познати и споменати се: [1]
- Марија Магдалена
- Марија, мајка на Јаков
- Марија, жена на Клеоп
- Марта Витаниска, сестра на Лазар од Витанија
- Марија Витаниска, сестра на Лазар од Витанија
- Јоана
- Саломе
- Сузана
- Јосиф од Ариматеја
- Никодим
Постоеле уште неколку Мироносици, но нивните имиња не се познати.
Славење
уредиОвој ден најмногу е славен кај Источните Словени. Таму е познат под повеќе имиња како Женски Празник[2], Бабин празник[3], Бабина Јајчница, Бабина недела, Кумитное, Кумишное, Завиткан Велигден, Маргоски[4][3], Маргошење, Лалинки[3], Шапшиха[3]и сл. Таму на овој ден се подготвуваат и традиционални јадења со јајца, а во некои областа се оставаат и вапсани јајца. Во Македонија на овој ден се одржуваат литурчии по црквите, а најсвечено е во црквата посветена на Жените Мироносици во Струга.[5]
Наводи
уреди- ↑ http://www.goarch.org/special/listen_learn_share/sunday_of_myrrhbearers
- ↑ Громыко 2007.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Маргоски, Лолынки Архивирано на 17 февруари 2015 г. // БГЦНТ
- ↑ Бушкевич 2004.
- ↑ † НЕДЕЛА НА ЖЕНИТЕ МИРОНОСИЦИ