„Денови“ (српски: Дани) — филм на режисерот Александар Петровиќ од 1963 година. Автори на сценариото се Бора Ќосиќ и Душан Матиќ, а главните улоги ги играат: Олга Вујадиновиќ, Љубиша Самарџиќ, Вјекослав Африќ и Мирослав Анѓелковиќ.[1]

Синопсис

уреди

Во филмот се прикажува еден ден во животот на една жена (ја игра Вујадиновиќ) која не успеала да го најде своето место во животот. Таа запаѓа во низа карактеристични состојби во кои се открива себеси, својот живот и судбината. Нејзиниот живот е огледало на нејзината осаменост. Таа среќава млад човек (го игра Самарџиќ) кој истиот ден ја добил веста дека татко му е на умирање. Тие го минуваат попладнето заедно, обидувајќи се да му дадат нова смисла на животот.

Наводи

уреди